Мексиканскиот фоторепортер долго ќе се сеќава на ова: Тоа беше луд момент! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јури Кортез во
моментов е едно од најспоменуваното име низ светските медиуми по полуфиналната
пресметка помеѓу Хрватска и Англија каде Коцкестите со победа од 2-1, односно
гол во продолжение успеаа да закажат пресметка против Франција во големото
финале од Мундијалот.

Причината за тоа
што мексиканскиот фоторепортер се најде во центарот на вниманието е поради
фактот што тој доживеа ситуација од полуфиналето која ќе му остане долго во
сеќавање, по голот за победа, дело на Манџукиќ, Хрватите во прославата се
упатија токму кон местото каде беше тој, сепак, од целата ситуација проследија
насмевки.

Тоа беше луд
момент, тие беа во еуфорија, дури отпосле сфатија дека сум под нив, потоа ме
прашуваа дали сум во ред, еден ми го крена фотоапаратот, друг (Домагој Вида) ме
бакна
“ рече Јури Кортез во изјавата за Дејли Мирор, а тој мина без повреди во
таа ситуација, но, не престана да фотографира во тие моменти…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани