Мексико повторно на тронот на Голд купот – „триколорите“ по 13. пат го освоија континенталниот шампионат откако во големото финале славеа над Соединетите Американски Држави со 2-1.
Дуелот одигран пред преполни трибини донесе драма и пресврт. Американците поведоа рано, уште во 4. минута преку Крис Ричардс, но Мексиканците брзо се вратија во игра.
Изедначувањето стигна во 27. минута преку Раул Хименез, а победата ја запечати Едсон Алварез со гол во 78. минута.
Мексико со оваа победа го освои 10. трофеј во историјата на Голд купот, потврдувајќи дека и натаму е најуспешната селекција на турнирот.