Мејведер би можел да го купи Њукасл?

by
1 минути читање

Најдобриот боксер
на денешницата, Флојд Мејведер се означи како кандидат за да го купи Њукасл,
екипа која се натпреварува во најсилниот фудбалски шампионат на Островот, „Премиерлигата“.

На еден вчерашен
настан токму во Велика Британија, тој беше запрашан за можноста да го преземе Њукасл, а тоа донесе и
изненадувачка вест кај повеќето љубители на фудбалот, особено кај навивачите на
Премиерлигашот.

Њукасл е еден
неверојатен тим, доколку луѓето посакуваат да го купам тој клуб, известете ме

изјави шесткратниот шампион во тешка категорија.

Сопственикот на
Њукасл, Мајк Ешли од поодамна се соочува со големи критики кај навивачите на
клубот, кој го презеде во свои раце во 2007. година.

Мајк Ешли не е
популарен на „Сент Џејмс Парк“, а се верува дека Њукасл е на агендата на саудиското
кралско семејство кое би можело да влезе во трката со 340 милиони фунти.

Што се однесува
до Мејведер, тој има богата кариера зад себе, а  проценките се дека 43 годишниот
боксер досега заработил 756 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×