Мегваер порача: Верувам дека и на оваа возраст сум еден од најдобрите стопери!

by 24 фудбал
1 минути читање

Хари Магваер испрати самоуверена порака по продолжувањето на договорот со Манчестер Јунајтед до 2027 година, нагласувајќи дека и понатаму се гледа меѓу најдобрите дефанзивци во светот.

Англичанецот, кој често беше мета на критики во изминатите сезони, призна дека тие моменти биле најтешки за неговото семејство, но додаде дека токму тие искуства го направиле посилен.

Мислам дека ваквите работи повеќе го погодуваат семејството. Тие гледаат низ што поминуваме и колку е тешко. Тоа веројатно беше најниската точка, но е дел од патот. Не би го менувал тоа низ што сум поминал. Дефинитивно ме направи посилен и ме донесе таму каде што сум денес“.

Магваер истакна дека во најголем дел од периодот на „Олд Трафорд“ играл на високо ниво и верува дека и понатаму може да прави разлика.

И понатаму верувам, дури и на оваа возраст, дека сум веројатно еден од најдобрите дефанзивци во светот во двата шеснаесетника. Мислам дека тоа не е спорно, можам да бидам многу ефикасен во завршниците на натпреварите, без разлика дали браниме водство или се обидуваме да направиме пресврт“.

Новиот договор на Мегваер е до 2027 година, но со опција да се продолжи и до 2028.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×