Манчестер јунајтед освои само бод на гостувањето кај Борнмут, откако двата тима одиграа 2-2 во натпревар во кој целата драма се случуваше во последниот половина час од натпреварот.
Првите 45 минути минаа без вистински возбудувања и без голови, но продолжението донесе далеку поинаква слика на теренот.
„Црвените ѓаволи“ поведоа по еден час игра, кога Бруно Фернандеш беше прецизен од белата точка. Сепак, радоста на гостите траеше кратко, само седум минути подоцна Кристи израмни за домаќините.
Натпреварот продолжи во ист ритам, па во 71. минута Борнмут си постигна автогол преку Хил, со што Јунајтед повторно дојде до предност. Но, драмата не заврши тука и во 81. минута видовме нов пенал, сега за домаќините, а Крупи го реализираше за конечни 2-2. Во истата ситуација, Хари Мегваер заработи исклучување.
До последниот свиреж резултатот остана непроменет, па бодовите беа поделени. За Борнмут ова беше дури 15-то реми сезонава во Премиер лига, а интересно е што дури петто по ред.