Meѓусебни дуели: Словенија ни „лежи“, со Шкотска имаме проблеми, а со Швајцарија – првпат ќе играме!

by Стефан
1 минути читање

Денеска Македонија ги доби противниците во Лигата на Нации во „Б“ сегментот каде што ќе играме за првпат од формирањето на ова натпреварување, а ждрепката сакаше да сме во тешка група со Шкотска, Словенија и Швајцарија.

Сите противници се подобро рангирани од нас, меѓутоа во дуелите со Словенија имаме позитивна статистика бидејќи сме одиграле седум натпревари во кои сме запишале четири победи, двапата ремизиравме и само еднаш сме биле поразени.

Треба да се каже и дека Словенија е репрезентацијата против која одигравме нашиот прв официјален натпревар.

НАТПРЕВАРИ ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА:

Словенија – Македонија 1-4 1993

Македонија – Словенија 2-0 1994

Македонија – Словенија 3-2 2012

Словенија – Македонија 1-0 2016

Словенија – Македонија 1-1 2019

Македонија – Словенија 2-1 2019

Македонија – Словенија 1-1 2021

Шкотска е подобра од нас бидејќи двапати сме биле поразени, еднаш сме победиле и еден дуел завршил нерешено.

НАТПРЕВАРИ ПРОТИВ ШКОТСКА

Македонија – Шкотска 1-0 2008

Шкотска – Македонија 2-0 2009

Шкотска – Македонија 1-1 2012

Македонија – Шкотска 1-2 2013

Кога е Швајцарија во прашање со нив овие ќе бидат први бидејќи ова е една од ретките европски селекции против која досега не сме имале прилика да се соочиме. Но, со оглед тоа дека станува збор за селекција која редовно учествува на најголемите натпреварувања нема дилеми дека ќе имаме тешка задача.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×