Вардар ќе ги
одмери силите со турскиот гигант во последната фаза од квалификациите за
пласман во групите од Лига Европа.
Во фокусот на вниманието во Турција се најде стратегот од клупата на нашиот шампион, Гоце Седлоски, кој мина една сезона во турскиот тим Дијарбакир.
Истовремено, во Турција пишуваат дека најдобрите поединци во „црвено-црниот“ состав се Бразилците Балотели и Фелипе.
„43 годишниот
тренер Гоце Седлоски, дел од својата кариера ја мина во Дијарбакир. Седлоски,
во Турција играше во периодот 2005-2006, на 30 настапи постигна 4 погодоци за
Дијарбакир. Македонскиот тренер го предводи Вардар од 2015. Година. Најдобрите
поединци на Вардар во моментов се Бразилците Балотели и Фелипе“ се вели во
објавата на „НТВСПОР“.
Извор/Фото:
ntvspor.net