Медиумите во Шпанија најавија можно одложување на мечот Барселона – Лас Палмас, тамошните власти негираат

by
1 минути читање

Барселона во недела на домашен терен го пречекува тимот
на Лас Палмас на „Камп Ноу“ во мечот предвиден во рамките на седмото коло од
Примера.

Сепак, мечот во организациска смисла на зборот е под знак
прашалник, а причината е бизарна и е поврзана со политичките збиднувања во Шпанија на темата за независност на Каталуња, барем така пренесоа дел од медиумите, кои подоцна беа демантирани.

Како што е познато, истиот ден треба да се одржи референдум
за каталонската независност, тамошните медиуми најавуваат и можни немири по
улиците во зависност од исходот на референдумот, а за редот и мирот ќе треба да
се погрижат полициските службеници.

Медиумите во Шпанија наведуваат дека мечот во Барселона
би можел да се одложи, од причина што домаќинот нема да има доволно полициски
службеници на фудбалската арена кои би се грижеле за редот и безбедноста за тој
натпревар.

Капацитетот на „Камп Ноу“ е околу 99.000, а на неделниот
натпревар се очекува бројката на гледачи на трибините да достигне до околу
70.000.

Сепак, тамошните власти излегоа со демант на овие најави, велејќи дека ќе има посебни безбедносни мерки за предвидениот фудбалски натпревар, а истиот ќе се одигра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани