Палермо
засега е без пораз по осум кола во Серија Б, тимот од Сицилија има скор од три
победи и дури шест ремија, па со 15 бода е на делба на второто место на
табелата заедно со Фросиноне, а заостанува два бода зад лидерот Емполи.
Капитенот на
Палермо, македонскиот напаѓач Илија Несторовски во шест настапи успеа на четири
пати да ја затресе мрежата од голот на противниците, но одредени медиуми во
Сицилија почнаа да се сомневаат во моменталната форма на 27 годишниот фудбалер.
„Нападот на
Палермо дефинитивно треба да се подобри, перформансите на Несторовски против
Фросиноне (0-0) оставија многу сомнеж околу формата на македонскиот бомбардер
кој има голема обврска во постигнувањето на погодоци против ривалите, но
доколку тој се мачи во таа цел, тогаш тоа негативно се одразува врз целата
екипа“ пишува во вчерашното издание во весникот „II Giornale di Sicilia“.
Тимот од
Сицилија на трите последни натпревари од Серија Б постигна само еден гол, а на
два одигра реми без голови.
Извор: siciliajournal.it