Медиумите пренесоа за „потрес“ во египетската репрезентација, Салах со реакција

by
1 минути читање

Повеќе медиуми
пренесоа дека првата ѕвезда на Египет, Мохамед Салах се решил да ја напушти
својата репрезентација со која настапува на Светското првенство.

По двата порази,
најпрво од Уругвај а потоа и од домаќинот на турнирот Русија, се шпекулираше завладеал
конфликт помеѓу фудбалерите, стручниот штаб а наводно се појавила и разочараност
од пристапот на челните лица во египетскиот фудбал во однос на професионалниот
пристап и условите на селекцијата во Русија.

Самиот Салах ги
демантираше шпекулациите, истакна дека не постои никаков конфликт помеѓу
фудбалерите, а односот бил најдобар.

Сите во репрезентацијата на Египет сме заедно
и не постои конфликт, ниту пак недоразбирања помеѓу нас, се почитуваме едни со други и односот е
најдобар
“ напиша тој.

Египет својот
настап на Мундијалот ќе го заврши со дуелот против Саудиска Арабија во
последното коло од групата „А“, каде ќе има убава можност да го заврши турнирот
со победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани