Во последните
неколку дена, топ тема е можниот трансфер на Нејмар на Паркот на Принцовите.
Играчот сака да
излезе од сенката на Лео Меси и ПСЖ му нуди перфектна можност да биде главно
лице на клуб кој има највисоки аспирации.
„Светците“ се
подготвени да платат 222 милиони евра и да ја активираат откупната клаузула на
Бразилецот, и наводно Нејмар веќе дал зелено светло за реализација на зделката.
Медиумите од
Бразил се толку убедени во трансферот на нивната прва ѕвезда, па дури велат
дека по трунејата во САД, Нејмар ќе слета на Шарл де Гол а не на Ел Прат.
Исто така
пренесуваат дека Нејмар остварил контакт со сонародниците кои настапуваат во
ПСЖ (Маркињос, Лукас Мура, Тиаго Силва и Дани Алвеш) и им соопштил дека
следната сезона ќе играат заедно во Париз.