Медиумите најавија дека веќе утре ќе го превзеде кормилото на Баерн а од Алианц Арена со порака: Венгер не е опција за нас!

by
1 минути читање

Шампионот на
Германија во неделата се раздели со Нико Ковач и започна потрага по нов тренер.
Низ медиумите кружеа неколку имиња, а можноста да го превзедат големиот Баерн
Минхен ја одбија Ерик тен Хаг, Ралф Рангник и Томас Тухел.

Се говореше дека
Арсен Венгер  е најсериозен кандидат,
денеска одредени извештаи велеа дека паднал договор и веќе утре ќе биде
потврден неговиот ангажман. Сепак, од Алинац Арена за Спорт Билд порачуваат
дека поранешниот предводник на Арсенал не е опција за наследник на Нико Ковач.

„Арсен Венгер му
се јави на Карл Хајнц Румениге во средата и изрази интерес да го превзеде Баерн
Минхен. Ние му се заблагодаривме на Арсен Венгер, многу ја цениме неговата
работа во Арсенал, но тој не е опција за тренер на Баерн Минхен“
– бил
одговроот на „баварците“ за весникот за гласините кои се појавија денеска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×