„ЕА Спортс“ веќе ги објави рејтинзите на фудбалерите на мегапопуларната видео игра ФИФА 18, на
врвот се најде првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, по него следеше
неговиот ривал од Барселона, Аргентинецот Лионел Меси.
Сепак, она што
нам не интересира е тоа како нашите интернационалци стојат со рејтинзите на
оваа симулаторска компјутерска игра, а медиумите на Островот веќе напишаа за
Езгјан Алиоски, нашиот 25 годишен интернационалец од редовите на англискиот
Чемпионшиплигаш Лидс.
Тоа што е исто
така важно, во споредба со претходното издание на ФИФА, нашиот „Џани“ има
рапидно подобрување во рејтинзите, кои ви ги претставуваме во прилог… Ако се сумира од тоа што го гледаме, Македонецот е најдобар во однос на темпото, нешто за што претходно пишуваа и анализираа англиските медиуми, а најголем развој има во неговиот шут и пас.

Извор: the72.co.uk