Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, италијанскиот стратег од клупата на тимот од Лондон, Антонио
Конте, ќе бара идеално засилување во нападот по ситуацијата која настана со
најдобриот стрелец на тимот минатата сезона, Шпанецот Диего Коста, кој е на
излезна врата од „Стемфорд Бриџ“.
Челси потроши 67
милиони фунти за Алваро Мората ова лето, тој се покажа како добро засилување,
барем засега, но Конте сака да додаде уште еден одличен напаѓач, а истиот се
чини го пронајде во Варди.
30 годишниот
офанзивец на Лестер веќе е доволно искусен фудбалер, и воедно е профил на
фудбалер кој би му одговарал на Конте најмногу поради цената на трансфер
пазарот, со оглед на тоа што веќе е во години кои не му носат висока цена, а
тоа му одговара на Челси.
Вреди да се
издвои и дека Челси изминатиов период е во сериозни преговори со Лестер околу 27 годишниот репрезентативец на Англија, Дени Дринквотер, а познати се и деталите од последната средба на челниците на обата клуба.