Медиумите на Островот го советуваат Кристијансен: Алиоски може да биде корисен на оваа позиција… (ФОТО)

by
2 минути читање

Британски „HITC“ пишува дека 25 годишниот македонски
репрезентативец и член на англискиот Чемпионшиплигаш Лидс, Езгјан Алиоски, би
можел да игра нешто понапред за својата екипа, освен на крилната позиција.

Откако пристигна во Лидс, летното засилување Езгјан
Алиоски беше користен на левата крилна страна како полушпиц, тој имаше само два
меча одиграно како крило. И додека Македонецот импресионираше, помалку или
повеќе, постои уште една позиција која треба да се земе во предвид во периодот
кој претстои
“ пишува „
HITC притоа додавајќи
дека нашиот фудбалер би можел да биде корисен и во најударната линија од офанзивниот
ред на својот тим, како најиустурен напаѓач.

Алиоски беше мошне корисен како најистурен во нападот во
швајцарскиот Суперлигаш Лугано, од каде премина во Англија ова лето,
постигнувајќи шест погодоци и седум асистенции во 11 настапи ланската сезона на позицијата напаѓач, а вкупно постигна 16 погодоци.

Шпанецот со данско потекло, Томас Кристијансен има повеќе
опции во нападот на својот тим, па не треба да зачуди доколку се реши да му
даде прилика на нашиот фудбалер да се докажува и како најистурен офанзивец, а
на таа позиција осамен во формациската поставеност на Кристиансен настапува
Германецот Ласога кој на пет меча постигна три погодоци засега.

 

Извор: hitc.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани