Екипата на Лидс
јунајтед има одличен старт во новата сезона од англиската Чемпионшип дивизија,
засега тимот на шпанскиот стратег Томас Кристиансен нема пораз, односно има три
победи и две нерешени резултати.
Она што нам не
радува е одличната адаптација на нашиот репрезентативец, 25 годишниот офанзивец
Езгјан Алиоски во неговиот нов клуб каде пристигна летово.
Алиоски веќе го
забележа својот гол првенец за Лидс, и тоа во победата на гости кај Нотингем (0-2),
а истиот беше прогласен за гол на викендот.
„ХИТЦ“ во својата
анализа за досегашните резултати на Лидс јунајтед издвојува петмина фудбалери
на овој тим кои засега се истакнаа во тимот, меѓу нив се најде и Алиоски.
„Исто како и
Саиз, Езгјан Алиоски немаше подолг период за адаптација на „Еланд Роуд“.
Офанзивецот беше прогласен за најдобар фудбалер на претходните два натпревари и
ја креираше победата над Нотингем Форест со прекрасен гол од далечина. Исто
така, тој учестуваше со две асистенции досега во лигата“ пишува во својата
објава „ХИТЦ“.