356
И покрај
турбулентната сезона во дресот на Реал Мадрид, каде го загуби првотимскиот
статус од младиот Серхио Регилон, Бразилецот Марселона се уште демантира дека
ќе си замине од шпанската престолнина.
Иако италијанска
Ла Штампа објави дека бразилскиот бек постигнал договор со Јувентус за
четиригодишна соработка, каде од сезона ќе заработува по 12 милиони евра, а
воедно ќе му се приклучи на својот голем пријател Роналдо, тој имаше една доста
интересна порака на социјалните мрежи.
Марсело имаше
објава на Инстаграм со фотографија од себе си на тренинг на Реал Мадрид,а
пораката која тој ја упати на истата објава гласеше: Ова е мојот дом!
