Бејл и Зидан водат војна. Тренерот не сака да смета на Велшанецот, а тој се сити на неговите порази во подготовките.
Реал Мадрид доживеа пораз од Тотнем со 1-0 на турнирот во Минхен, а по мечот Зидан рече дека Бејл останал во Мадрид бидејќи не бил фит и тренирал таму.
Но „Ел Конфиденсијал“ го фати фудбалерот како игра голф. Познато е дека тоа е омиленото хоби на Герет Бејл. Тие објавија фотографија од настанот:

Иднината на Бејл се уште не е позната. Некои велат дека трпеливо ќе чека Зидан да добие отказ, а прогнозите тоа да се случи се реални со оглед на лошата атмосфера во тимот на Реал Мадрид и резултатите во подготовките.
Има луѓе и од Велс кои го критикуваат Бејл. Поранешниот селектор на Македонија, Велшанецот Џон Тошак удри остро по фудбалерот: „Таму сте шест или седум години а не знаете да го зборувате јазикот на таа земја. Тоа е навреда за луѓето со кои работите“.
Кинескиот фудбалски пазар се затвора во среда, па овој ден може да биде клучен за евентуално заминување на Бејл, но како одминува времето тоа е се подалеку.