99
Обично истрагите за местени натпревари се јавуваат откако тие ќе се одиграат, па можеби ова е првиот меч кој е одложен поради сомнеж дека ќе биде наместен.
Фудбалската федерација на Шведска објави дека натпреварот се одложува пореди сомнеж дека ќе биде наместен. Ќе се истражуваат наводите дека еден играч на АИК во вторникот земал голема сума на пари за да издејствува неговиот тим да загуби.
„Ова е сериозен напад врз шведскиот фудбал. Никогаш, никогаш нема да дозволиме да се случуваат вакви работи“ – вели генералниот секретар на Фудбалската федерација на Шведска, Хакам Сјостранд.
Мечот помеѓу Гетеборг и АИК требаше да се игра денеска, четврток.