Меч за заборав на Роберт Санчез, го почасти градскиот ривал со киксови за два гола (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал направи важен чекор кон финалето на Лига купот, откако како гостин го совлада Челси со 2-3 во првото лондонско дерби од двомечот. Лидерот во Премиер лигата си обезбеди предност пред реваншот кој ќе се игра на 3 февруари на „Емирати“.

Клучна улога во победата на Арсенал имаше голманот на Челси, Роберт Санчез, кој со серија киксови директно придонесе за двата први погодоци.

Во седмата минута Бен Вајт погоди по лоша интервенција на Санчез по корнер, а на почетокот од вториот дел Виктор Ѓокереш зголеми на 0-2 по нова несигурна реакција на шпанскиот чувар на мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×