Меч со луда пенал серија во Купот на Србија: 25 шута од белата точка и елиминација на Партизан! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Партизан и ТСЦ Бачка Топола одиграа меч со луда пенал серија во која шутираа и фудбалери кои веќе имаа шутнато, на крајот црвено-белите загубија и испаднаа од купот.

ТСЦ Бачка Топола се пласираше меѓу четирите најдобри во српскиот куп благодарение на една пенал серија каква што ретко се гледа.

Натпреварот во регуларниот дел беше 0-0, мрежите мируваа. Натпреварот беше рамноправен. Пеналите мораше да го одлучат победникот.

За да се дојде до победникот се шутираа дури 13 пенал серии, се свртеа сите фудбалери, па некои од играчите мораше да шутираат и по двапати.

Од Партизан промашија тројца фудбалери, од Бачка Топола не реализираа само двајца. Пенал серијата заврши со 10-9 за гостите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани