Меч кој ќе се раскажува, луда драма со совршен крај за Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер јунајтед со 5-4 го победи Лион во натпревар кој се играше 120 минути, црвените ѓаволи губеа со 4-2 во 114. минута и го добија мечот кој значи пласман во полуфинале од Лига Европа.

Манчестер јунајтед имаше идеален старт на мечот, со голови на Угарте и Далот поведе со 2-0 по првото полувреме.

Тој резултат беше актуелен до 71. минута кога Толисо намали на 2-1, а седум минути подоцна Таљифико израмни на 2-2.

Вкупниот резултат беше израмнет бидејќи и мечот во Лион заврши токму 2-2.

Во 89. минута Толисо заработи втор жолт картон, Лион остана со фудбалер помалку. Резултатот не се промени, па мечот отиде во продолженија.

Иако во продолженијата влезе со фудбалер помалку, Лион даде два гола, најпрво Черки погоди за 3-2, а потоа и Лаказет од пенал во 110. минута за 4-2.

Во тие моменти се чинеше дека Манчестер јунајтед ќе биде елиминиран, но момците на Аморим не се откажаа.

Бруно Фернандеш во 114. минута намали на 4-3, Маино во 120. минута израмни на 4-4, а минута подоцна Мегваер даде гол за вистинска ерупција на Олд Трафорд и победа на Манчестер јунајтед од 5-4.

Во полуфиналето Јунајтед ќе игра против Атлетик Билбао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×