„Ме прашуваа да не сум пијан“ – селекторот на Италија открива какви биле реакциите кога го повикал Гаљардини

by
2 минути читање

Џан Пјеро Вентура
го превезеде кормилото на Италија по крајот на Европското првенство во
Франција, и веднаш тргна да го подмладува составот.

Во ноември тој го повика Роберто Гаљардини, кој зад себе имаше само неколку натпревари во
Серија А во дресот на Аталанта.

Тогаш многумина
му се чуделе на одлуката, но тој е горд на потегот откако Интер во јануари го
купи 23 годишниот фудбалер од средниот ред.

Составот со кој
настапивме на ЕВРО 2016 беше најстар во последните 30 години”
– вели Вентура.
Па моравме да
менуваме“.

Италија
организираше неколку тренинг кампови на кој млади играчи добија шанса да се
докажат.

„Сакам да им се
заблагодарам на клубовите кои ми дозволија да се фокусирам на млади играчи,
следевме голем број на фудбалери до 23 години кои потоа дебитираа”.

„Кога го повикав
Роберто Гаљардини за прв пат, кога тој имаше само осум натпревари во Серија А,
луѓето ме прашуваа да не сум пијан”.

„Ако немав
храброст да ги повикам овие млади играчи, можеби тие немаше да ги имаат
сезоните кои сега ги имаат”.

„Креираме солидно
јадро, можеби не за да триумфираме во Русија, но можеби за следниот мундијал”.

„Сигурен сум дека
промената на генерации ќе ја промени историјата на националниот тим”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани