Жан Клер Тодибо проговори за неуспешната авантура на „Камп Ноу“, вели дека никој во Барселона не сакал да му прави муабет, разговарал само со Ерик Абидал.
Во јануари 2019, Барселона го ангажираше Жан Клер Тодибо како перспективен дефанзивец, но тој никогаш не доби вистинска шанса, па летото во 2021 беше продаден во Ница.
Французинот во Лига 1 си ја врати кариерата на прав пат, одново е на мета на големите клубови ширум Европа и се шпекулира дека може да направи богат трансфер.
Во разговор со Амазон Прајм, тој проговори за авантурата на Кам Ноу.
„Ме најавуваа како замена за Пике, но никогаш не добив права шанса. Одиграв само пет натпревари, и иако се покажав во добро издание, никој ништо не ми кажа никогаш. Никој не сакаше да ми прави муабет во Барселона, само Абидал раззговараше со мене“ – вели Тодибо.
„Но научив многу од таа етапа во кариерата, тренирав и играв со големи фудбалери“.