Бразилецот се
пресели во Барселоно во јануари 2018 за 120+40 милиони евра, но никогаш не
успеа да блесне на Камп Ноу, па пред почетокот на сезоната беше испратен на
позајмица во Баерн Минхен.
„Баварците“ имаат
опција во целост да го купат Филипе Кутињо за 120 милиони евра, во мај треба да
донесат одлука, но уште сега се најавува дека нема да го направат неговиот
престој перманентен.
Според пишувањата
на Мундо Депортиво, на Камп Ноу веќе се помирени дека ниту Баерн Минхен, ниту некој
друг клуб ќе плати 120 милиони евра за плејмејкерот. Раководството на клубот е
свесно дека ќе мора да направи коренција на цената, и иако никој јавно нема да
признае, тие ќе бидат среќни и со сума помеѓу 80 и 90 милиони евра.