Мбапе врбува колега од репрезентацијата да му се придружи во Реал: Игра за голем клуб, но има и поголем!

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе вели дека Дајот Упамекано е еден од најдобрите дефанзивци во светот, и секој клуб би сакал да има таков фудбалер во своите редови.

Дајот Упамекано ја одработува последната година од договорот со Баерн Минхен, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, па неколку гиганти ширум Европа внимателно ја следат ситуацијата.

Во последно време често се говори дека Реал Мадрид е главен кандидат за потписот на дефанзивецот, и на оваа тема денеска говореше Килијан Мбапе.

„Тој е еден од најдобрите дефанзивци во светот. Игра во голем клуб, Баерн – на прсти се бројат клубовите кои се подобро… Но има еден што е поголем“ – вели напаѓачот на Реал Мадрид со насмевка на лицето.

„Сепак тоа е се што ќе кажам, нема да навлегувам во дебата, не сакам да го ставам под поголем притисок“.

„Но кога станува збор за фудбалер од негов калибар, нормално е сите клубови да се обидат да го ангажираат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×