Килијан Мбапе може да има улога на агент во следните месеци, се шпекулира дека напаѓачот го врбува својот сонародник Мајкл Олисе да му се придружи во Реал Мадрид.
„Кралевите“ изминатово лето го ангажираа Трент Александер Арнолд од Ливерпул, и се говореше дека клучна улога одиграл Џуд Белингем, кој го убедувал својот добар пријател да му се придружи на „Бернабеу“.
Слична улога сега му се препишувана Килијан Мбапе, наводно напаѓачот убедува двајца свои сонародници да му се придружат во Мадрид.
Првиот е Ибрахима Конате од Ливерпул, кој ја одработува последната година од договорот и преговорите со „црвените“ за продолжување на соработката тапкаат во место.
„Ми се јавува на секој два часа“ – рече на шега Конате од кампот на репрезентацијата на Франција.
Последните информации велат дека Килијан Мбапе го врбува и Мајкл Олисе за трансфер од Баерн Минхен во Реал.
„Мораш да дојдеш во Мадрид“ – му кажал Мбапе на Олисе на еден од тренинзите со „триколорите“.