Мбапе влијае и врз трансферите? Шпанците веруваат дека заговара трансфер на играч од ПСЖ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе не само што има големо влијание на теренот, туку и врз случувањата во Реал Мадрид, а шпанските медиуми тврдат дека неговиот глас сè повеќе се слуша и во креирањето на клупската политика.

Наводно, Французинот не е целосно задоволен од составот, особено од средниот ред, и побарал засилување од ПСЖ.

Станува збор за Фабиан Руиз, кој во последно време го загуби статусот на стандарден првотимец кај Луис Енрике, па се појавија шпекулации за негово можно заминување. За шпанскиот репрезентативец интерес покажуваат Фенербахче и Галатасарај, а се споменува обештетување до 30 милиони евра.

Сепак, трансферот во Реал не изгледа реален во моментов, бидејќи ПСЖ преговара за продолжување на договорот на Руиз до 2029 година, а Флорентино Перез веќе најави дека клубот нема да носи нови засилувања во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×