Мбапе влезе во војна со ПСЖ и му „замрзна“ 55 милиони евра

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Адвокатите на Килијан Мбапе попладнево соопштија дека влегле во војна со ПСЖ и со помош на судот „замрзнале“ 55 милиони евра од сметките на „светците“.

Килијан Мбапе не се откажува од намерата да си го наплати долгот од ПСЖ, напаѓачот влезе во нова правна битка со „светците“.

Адвокатите на Килијан Мбапе попладнево открија дека со помош на судот „замрзнале“ 55 милиони евра од сметките на ПСЖ.

Ова е сумата што „светците“ му ја должат на напаѓачот, односно 36,66 милиони бруто на има на една третина од бонусот за потпис, како и 18,75 милиони евра на име на плата и бонуси за месеците април, мај и јуни.

Адвокатите исто така ќе бараат од УЕФА да не му даде лиценца на ПСЖ за настап во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26, со оглед на тоа дека правилата налагаат да не се издаде лиценца во случај на отворени долгови кон сегашни и поранешни фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани