И покрај тоа што
синоќа пристигна демант, медиумите продолжуваат да пишуваат за можен трансфер
на Килијан Мбапе на Сантијаго Бернабеу. Се верува дека младиот Французин е
главната цел на „кралевите“ за засилување на тимот за следната сезона.
Зборувајќи во
емисијата „Ел чирингито“, Едуардо Инда откри дека Килијан Мбапе веќе разговорал
со Зинедин Зидан. Нашаѓачот е отворен за идејата да се пресели во Реал Мадрид и
дал ветување дека ќе побара од првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи да му
дозволи трансфер.
Новинарот исто
така додаде дека Флорентино Перез ќе се обиде да го примами својот колега од
ПСЖ на зделка со тоа што ќе му понуди двајца играчи, односно Хамес Родригез и
Иско.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.