Мбапе: Тешко е да одиграте два натпревари во три дена

by Стефан
1 минути читање

Килијан Мбапе кој вчера беше херој на Реал Мадрид и постигна два гола против Виљареал призна дека е тешко да се играат два натпревари во три дена.

Реал Мадрид пред три дена во натпревар во кој имаше и пенали го елиминираа градскиот ривал Атлетико од Лигата на шампионите, а вчера мораа да играат тежок натпревар во Ла Лига.

„Тежок натпревар. Се боревме и покажавме карактер, тешко е да одиграте два натпревари во три дена“, изјави Мбапе.

Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со 60 бодови, додека зад нив следи Барселона со 57.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани