Килијан Мбапе вчера прослави убав јубилеј, стигна до 400 погодоци во кариерата, но смета дека ова не е ништо спектакуларно доколку во предвид се земат постигнувањата на Кристијано Роналдо и Лео Меси.
Франција со 4-0 ја совлада Украина и го потврди билетото за мундијалот во САД, вечерта особено беше специјална за Килијан Мбапе, кој на „Паркот на Принцовите“ стигна до 400 погодоци во кариерата.
„Мојата бројка не е толку импресивна, има еден со 950 погодоци, и друг со преку 900 погодоци“ – вели ѕвездата на Реал Мадрид, алудирајки на Кристијано Роналдо и Лео Меси
„За да биде нешто спектакуларно, треба да постигнам барем уште 400 погодоци“.
„Секако дека сум среќен, ова е убав јубилеј, но ме чека уште многу работа“.
„Дали можам да стигнам до бројката од 1000 погодоци? Мислам дека тоа е нереално, но Кристијано Роналдо ни покажа дека е возможно“.
ФОТО: X/Equipe de France