Мбапе стигна до 400 погодоци на 26 години, колку погодоци имаа Роналдо и Меси на таа возраст?

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Килијан Мбапе вели дека не постигнал ништо сензационално со тоа што забележал 400 погодоци, но Французинот до оваа бројка стигна многу побрзо од Кристијано Роналдо и Лео Меси.

Килијан Мбапе вчера два пати стрелаше во победата на Франција од 4-0 над Украина и прослави убав јубилеј, стигна до бројката од 400 погодоци.

По крајот на натпреварот, напаѓачот рече дека не постигнал ништо сензационално со оглед на тоа дека има еден фудбалер со 950 погодоци, и друг со преку 900 погодоци, алудирајќи на Кристијано Роналдо и Лео Меси.

Но статистиката открива нешто сосема друго, Килијан Мбапе до 400 погодоци стигнува на 26 години, многу побрзо од Португалецот и Аргентинецот.

Една статистика на Спортс Илустрејтед вели дека Кристијано Роналдо на 26 години имал 213 погодоци, додека пак Лео Меси на 26 години имал 348 погодоци.

Кристијано Роналдо до бројката од 400 погодоци стигнал на 28 години и 335 дена, додека пак Лео Меси на 27 години и 95 дена.

Ако Килијан Мбапе продолжи со ова темпо, може да ги стигне двете имиња, кои важат за најголеми во денешницата, и едни од најголемите во историјата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×