Мбапе со необично барање пред трансферот во Реал Мадрид

by bojan
2 минути читање
Мбапе

Во емисијата „Ел Чирингито“ беше објавено дека Килијан Мбапе имал едно необично барање пред трансферот во Реал Мадрид, напаѓачот сака терен за голф во близина на неговиот дом.

Килијан Мбапе минатата недела и официјално соопшти дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ и ќе го напушти „Паркот на принцовите“ по крајот на сезоната.

Се очекува во скоро време да биде потврдена неговата преселба во Реал, одредени извори пренесуваат дека тоа ќе биде сторено по финалето во Лигата на шампиони.

И додека се пеглаат деталите од огромната зделка, во емисијата „Ел Чирингито“ беше објавено дека Французинот имал едно необично барање пред трансферот во Мадрид.

Наводно Килијан Мбапе побарал да има терен за гол во близина на неговиот дом во Ла Морелеха.

За Герет Бејл беше добро познато дека е голем љубител на овој спорт и често голфот го ставаеше пред фудбалот, или поточно пред Реал Мадрид, но до сега малку познато беше дека и Килијан Мбапе има интереси за голф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани