Капитенот на Франција, Килијан Мбапе се појави пред медиумите во пресрет на натпреварот помеѓу Франција и Португалија и упати многу пофални зборови за Кристијано Роналдо.
Втората четвртфинална пресметка на Европското првенство ќе биде помеѓу Португалија и Франција, натпреварот во Хамбург започнува во 21 часот.
Килијан Мбапе денеска се појави на прес и неизбежни беа прашањата за неговиот идол Кристијано Роналдо.
„Чест ми е да играм против Кристијано Роналдо. Сите добро знаат колку му се восхитувам. Имав можност да разговарам со него. Често сме во контакт и ми дава многу совети. Па да, чест е да се игра против него. Без разлика што ќе се случи во иднина, тој ќе остане легенда“ – вели капитенот на „триколорите“.
„Секој мора да го цени она што тој го има направено, му се восхитувам на тоа колку голем фудбалер е. Нема да има друг како него, тој е уникатен“.
„Обележа една ера, испиша нова историја, инспирараше генерации, остави трага врз многу луѓе, па навистина го почитувам“.
„Но се надевам дека утре ќе нема причина да биде среќен бидејќи сакаме да се пласираме во полуфинале“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.