Мбапе со еден потег го налути Модриќ, Хрватот веднаш го искара (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Лука Модриќ го искра и му се внесе во лице на Килијан Мбапе откако напаѓачот се обиде да одглуми пенал во финишот од натпреварот помеѓу Хрватска и Франција.

Хрватска синоќа издвојува голема победа и со 2-0 ја совлада Франција пред своите навивачи во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на нации.

Во финишот од мечот, интересен дуел имаа Лука Модриќ и Килијан Мбапе, клупските другари од Реал Мадрид.

Напаѓачот беше во продор, се ослободен од еден играч, но во последен момент стартуваше Лука Модриќ и ја исфрли топката во корнер.

Килијан Мбапе премногу лесно падна на тревата и се обиде да одглуми пенал, потег кој не му се допадна на Хрватот, кој веднаш го искара и му се внесе во лице на својот помлад колега од Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани