Селекцијата на Франција го сврте двомечот со Хрватска во четвртфиналето на Лигата на нациите. „Триколорите“ ја анулираа негативата и победија со 2-0, се играа продолженија и мечот влезе во пенал серија. Таму Французите беа подобри со 5-4.
По натпреварот својот став го изнесе капитенот Килиан Мбапе кој даде навистина интересна изјава.
„Станавме со идеја дека мора да имаме одлична ноќ. Бевме уверени дека можеме да направиме нешто големо, моравме да напаѓаме и да не им дадеме да дишат. Тие се тим кој те тера да трчаш кога има топка. Добро тргнавме, ама ни недостигаа голови и моравме да бидеме попрецизни во завршницата. Потоа Мајкл изведе одличен слободен удар, а погоди и Осман. Сакавме да дадеме трет гол, но стигнавме до пенали. Знаевме дека имаме голман кој може да направи разлика.
Потребна ни беше ваков натпревар за да ја вратиме публиката. Ја чувствувавме атмосферата на „Стад д Франс“, сакавме да направиме што понепријателска атмосфера. Вечерва јасно покажавме дека играме дома, луѓето се поврзаа веднаш и беше убаво да се игра“, изјави Мбапе.
Во полуфиналето Франција на завршниот турнир ќе се судри со Шпанија, додека во првото полуфинале играат Германија и Португалија.