Мбапе првпат одигра за „десетка“ во Реал, а Анчелоти го поддржа: Тој е најдобар напаѓач на светот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе беше двоен стрелец во победата на Реал Мадрид над Лас Палмас од 4-1 во 20. коло на шпанската Ла Лига.

Француската ѕвезда го постигна првиот гол од белата точка со кој израмни по раниот шок, а потоа стрела и по асистенција од Родриго за 3-1. Овој натпревар беше прв за „десетка“ во дресот на Реал за Мбапе.

На оваа тема кратко прашање доби тренерот Карло Анчелоти. Италијанецот не е изненаден од перформансот на фудбалерот.

Мбапе даде два гола? Луѓе, па Мбапе е најдобар напаѓач на светот“, го поддржа Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани