Фудбалерите на Реал Мадрид славеа победа од 2-0 против Реал сосиедад во последното коло од Ла Лига, а во овој натпревар се беше во знакот на Лука Модриќ кој го одигра последниот натпревар во дресот на „кралевите“.
Модриќ на теренот беше до 83. минута кога во созли го напушти теренот и доби силни овации од трибините (ТУКА)
Кога е натпреварот во прашање се истакна Килијан Мбапе кој постигна два гола. Французинот прво не реализираше пенал во 38. минута, но одбиената топка ја смести во мрежата.
Пред крајот на натпреварот во 83. минута постигна и втор гол за конечени 2-0.
Реал Мадрид сезоната ја завршуван а втората позиција со 84, Барселона има еден повеќе со тоа што и преостанува да го одигра дуелот од последното коло со Атлетик Билбао.
Oвој натпревар беше последен и за Карло Анчелоти на клупата кој продолжува како селектор на Бразил.