Мбапе: Престијани веќе никогаш не треба да игра во ЛШ, петпати го нарече Винисиус – мајмун!

by riste
1 минути читање

Килијан Мбапе застана во одбрана на Винисиус велејќи дека јасно слушнал како Џанлука Престијани го нарекува Бразилецот мајмун и тоа петпати.

Победата на Реал над Бенфика е во сенка на расистичкиот скандал кој се случи за време на мечот, а во кој Винисиус беше жртвата.

Мбапе кажа што слушнал тој и бара голема казна за Аргентинецот.

„Престијани никогаш веќе не треба да игра во Лигата на шампионите, мора да дадеме пример за сите деца“, вели Мбапе.

„Тој го нарече Винисиус мајмун петпати! Го видов тоа јасно. Неговото лице не лаже. Ова е неприфатливо“.

„УЕФА ги има најдобрите камери и тоа момче не е мој тип на човек. Никогаш нема да го оставиме Вини сам“.

Французинот не смета дека Винисиус провоцирал со начинот на кој го прослави голот.

„Вини треба да танцува колку што сака и никогаш да не сопре. Никој не може да ни каже што треба да правиме или да не правиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×