Мбапе пред пет години го одби Реал Мдрид и не погреши (ФОТО)

by
2 минути читање

18 годишниот
Французин, кој важи за еден од најталентираните играчи во Европа, има одлична
сезона со 17 погодоци зад своето име и го привлече вниманието на сите гиганти
од стариот континент.

Неговата кариера
можела да има сосема поинаков тек откако во 2012 на покана на неговиот
сонародник Зинедин Зидан тој заминал на проба во Реал Мадрид.

Килиан Мбапе дури
и се сретнал со својот идол, Кристијано Роналд, но, на крајот одлучил дека е прамногу млад да ја напушти Франција, и решил да го одбере
Монако.

„Чест ми беше што
најдобриот француски фудбалер во историјата ми се јави
– изјави Мбапе пред неколку месеци.


Зидан беше
искрен со мене, но на крајот одлучив да не се преселам во Реал мадрид бидејќи
не сакав толку рано да заминам од мојата земја
.

„Едноставно тоа
немаша да функционира. Па го одбрав Монако, и мислам дека направив добар избор
.

Правецот во кој
се движи неговата кариера потврдува дека тој навистина донел права одлука.

Килиан Мбапе
испиша нова историја во Монако и го замени Тјери Анри како најмлад дебитант и
најмалд стрелец.

Откако му даде
два гола на Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на Шампионите, тој сега
доби и повик за настап во сениорската репрезенација на Франција.

Гламурот на Реал
Мадрид често знае да ги збуни играчите, таков беше случајот со Мартин Одегард,
кој со 16 години потпиша за „Кралевите“ но никогаш не доби шанса, изгуби две
години во резервниот тим на Реал и сега се обидува да ја врати кариерата на
прав пат во Херенвен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани