Килијан Мбапе вели дека очекувал Винисиус Жуниор да ја добие престижната награда „Златна топка“, и доколку некој пред три месеци му кажел дека победник ќе биде Родри, немал да му поверува.
Последниот избор на „Франс Фудбал“ за престижната „Златна топка“ донесе многу полемики откако Родриго стигна до оваа индивидуална награда пред Винисиус Жуниор.
Во знак на протест, Реал Мадрид дури и ја бојкотираше церемонијата, ниту еден член на „кралевите“ не се појави на гала вечерта.
Килијан Мбапе сега беше прашан за мислење на оваа тема и дали неговиот сонародник Осман Дембеле има шанси да стигне до „Златната топка“ која ќе биде доделена на крајот од 2025 година.
„Што значи да си фудбалер достоен за „Златната топка“? Дали Родри ви личи на фудбалер за „Златната топка? За мене, на стартот, тој за мене не беше. Мислев дека Винисиус Жуниор ќе ја освои „Златната топка“, но ма крајот таа заврши во рацете на Родри. Некој да ми го кажеше ова пред три месеци, ќе речев: „Што по ѓаволите зборуваш?““ – вели ѕвездата на Реал Мадрид.
„Денеска не знаеме кој ќе ја освои „Златната топка“. Не треба никого да отпишуваме, сите играчи можат да ја освојат, очигледно може да ја освои и голман“.
Според овие зборови на Килијан Мбапе, „Златната топка“ треба да ја освојуваат само офанзивни фудбалери, напаѓачот како да го заборава доприносот кој го даваат останатите од тимот, како што се фудбалерите од средниот ред, дефанзивата па и голманот.
По обичај, напаѓачите и офанзивните фудбалери доминираат при изборот на „Златната топка“ бидејќи нивниот придонес со голови и асистенции е најочигледен. Но не треба да се занемари и придонесот кој Родри го дава со тоа што неуморно работи на средината од теренот, или пак тоа што го правеше Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид и Хрватска во 2018.
Во минатото често се случуваше дефанзивец да ја добие „Златната топка“, последен кој го направи тоа е легендарниот Фабио Канаваро во 2006, а во таа година, втор во изборот се најде голманот Џиџи Буфон.