Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го прекина летниот одмор и се појави во Мадрид со цел да присуствува на свеченото збогување на Лукас Васкез.
Васкез по цела деценија заминува по истекот на договорот како слободен фудбалер. Дел од Реал Мадрид 34-годишниот Васкез беше десет години.
На денешниот настан присуствуваше претседателот Перез, семејството на фудбалерот и уште неколку соиграчи меѓу кои беше и Мбапе. Тука беше и легендарниот Марсело.
Настанот во чест на Васкез започна со видео од шест минути во кое беа прикажани најемотивните моменти од кариерата на Васкез во дресот на „кралевите“.
Збогувањето беше премногу емотивно за Васкез кој не успеа да ги задржи солзите.
„Ова не е збогум, Реал Мадрид е дел од мојта душа. Многу сум благодарен што имав прилика да го носам овој дрес“, порача Васкез.
Со Реал Мадид Васкез во изминаите 13 години освои 23 трофеи.