212
Францускиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се најде под истрага на француска полиција поради сомнителни исплати кон полицајци.
Имено, според информациите постојат необични рансакции кон пет полициски службеници, но не се откриваат повеќе детали.
Обвинителството потврди дека истрагата е во тек.
„Истрагата е во тек и дополнително треба да се утврди дали има направеноо кривични дела“, истакна обвинителството.
Наводно, станува збор за сума од 180.000 евра која напаѓачот ја исплатил на „црно“ за приватни услуги.