Мбапе открива анегдоти од првата средба со Зидан: Сакаше да ме превезе, го прашав дали да ги соблечам обувките

by
2 минути читање

Младата ѕвезда на
францускиот првак ПСЖ, Килијан Мбапе објасни еден доста среќен момент од
неговото детство, а се работи за средбата со неговиот идол Зинедин Зидан за прв
пат.

Таткото на Мбапе
добил телефонски повик од Реал Мадрид, во кој Килијан бил повикан да тренира во
клубот со оглед на големите очекувања од неговиот голем потенцијал во Франција.

Напаѓачот
објаснува како за прв пат се сретнал со неговиот идол Зидан на тренинг
центарот, а потоа открива една анегдота од таа средба во која едноставно немал
претстава што да му каже на својот идол кога Зидан го поканил да го однесе
лично до тренинг центарот.

Пред самиот мој
14ти роденден имав едно неверојатно изненадување. Мојот татко доби телефонски
повик од Реал Мадрид, во кој бев повикан да одам во Шпанија и да тренирам за
време на една пауза, тоа беше шок, бидејќи тие му посочиле на мојот татко дека
Зидан посакувал да ме види, а во тој период Зидан беше спортски директор,
секако, јас бев на месечината, очаен бев да отидам таму
“ открива Мбапе во
своето писмо за трибина на фудбалери, а истото го наслови „Писмо до младите
Килијановци“.

Но, сето тоа не
беше едноставно, поточно, скаутите почнаа да доаѓаат на нашите натпревари,
добивав и големо внимание кај медиумите, а кога имате 13 години во такви
моменти, не знаете како да се справите со тоа, постоеше голем притисок, а моето
семејство сакаше да ме заштити
“ додава тој.

Никогаш нема да
го заборавам моментот кога пристигнавме во тренинг центарот, Зидан се сретна со
нас на паркинг со неговиот автомобил, беше убав автомобил тоа, се поздравивме,
а потоа ми понуди да ме превезе до терените каде се тренира, ми го посочи совозачкото
седиште и ми рече
Ајде,
влегувај
, целиот се смрзнав,
прашав дали треба да ги соблечам моите обувки? Хахаха… Не знам зошто го реков
тоа, а Зидан се насмеа, ме одведе до тренинг центарот а до тие моменти
постојано си размислував на тоа дека сум во неговиот автомобил, веројатно се
уште спијам во авионот
“ објасни Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×