Мбапе откри кога ќе донесе одлука за својата иднина

by
2 минути читање

18 годишниот напаѓач има одлична сезона во дресот на Монако па го привлече
вниманието на најголемите клубови ширум Европа.

Реал  Мадрид, Барселона, Манчестер
јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Баерн Минхен и ПСЖ се спремни да го одврзат
ќесето.

Монако знае дека во своите редови има фудбалски бисер па нема лесно да се
откаже од Килијан Мбапе и за својата млада ѕвезда бара над 100 милиони евра.

И покрај тоа што сумата е неверојатна, неколку гиганти се спремни да ја платат,
па летоска може да видиме нов трансфер рекорд.

Килијан Мбапе до сега ги игнорираше големиот број на шпекулации, нo по
елиминацијата од Лигата на Шампионите против Јувентус, играчот конечно се
огласи за својата иднина.

„Трансфер летото ќе биде долго, па ќе имам доста време да мислам за мојата
иднина
– вели Мбапе.

„Во моментов сакам да се фокусирам на првенството на Франција. Клубот ми
укажа целосна доверба, па во најмала рака треба да му се оддолжам со титула“.

„Потоа ќе имам
доволно време да ги разгледам сите опции
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани