Мбапе останува без очекуваните 55 милиони евра од ПСЖ?

by 24 фудбал
1 минути читање

Француската фудбалска федерација го игнорираше барањето на адвокатскиот тим на Килиан Мбапе за пренасочување на случајот кон УЕФА за спорот со ПСЖ.

ФФФ не прифати да ја пренасочи документацијата, УЕФА нема да го анализира случајот и не може да го казни францускиот тим. Ова е своевидна одбрана кон ПСЖ од страна на сојузот, за да не мора да го исплати барањето на Мбапе.

Да потсетиме, француската ѕвезда има судски спор со ПСЖ бидеќи бара исплата на 55 милиони евра на име на бонуси во договорот кој му истече. Клубот секако не сака да го исплати, а делува дека ќе успее да се одбрани во случајот и Мбапе ќе остане без бараната сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани