Мбапе нема да му прости 55 милиони на ПСЖ поради тоа што Ал Келаифи го понижил неговиот брат

by bojan
1 минути читање

Л’Екип открива нови детали за „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и ПСЖ, напаѓачот решил дека нема да прости ниту една евро кога го видел неговиот брат Етан како плаче во соблекувалната.

Пред почетокот на минатата сезона, Килијан Мбапе го извести ПСЖ дека нема да стави потпис на нов договор, па беше изоставен од тимот.

Насер Ал Келаифи беше подготвен да го остави Французинот цела сезона на трибини, но подоцна беше пронајден компромис, напаѓачот се сложи да се откаже од дел од бонусите за да се врати на терените.

Сепак, двете страни на крајот завршија на суд, Килијан Мбапе бара 55 милиони евра на име на неисплатени плати и бонуси.

Весникот Л’Екип сега открива нови детали за „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и ПСЖ, или поточно Килијан Мбапе и Насер Ал Келаифи.

Во пресрет на последното коло, првиот човек на „светцит“, Насер Ал Келаифи му наредил на Луис Енрике да го шрктне Етан Мбапе од составот, потег по кој младиот фудбалер бил скршен и плачел во соблекувалната.

Кога Килијан Мбапе го видел својот брат со солзи во очите, збеснал и порачал дека нема да прости ниту едно евро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани