Како што пренесува Канал+, Килијан Мбапе нема да игра против Холандија, напаѓачот исто така е под голем знак прашалник и за натпреварот против Полска.
Килијан Мбапе е во фокусот откако синоќа заработи незгодна повреда и фрактура на носот во победата од 1-0 на Франција против Австрија.
Добра вест е тоа што нема потреба од операција, но напаѓачот ќе мора да паузира одредено време и да носи маска до крајот на Европското првенство.
Како што пренесува Канал+, уште сега е јасно дека Килијан Мбапе нема да игра против Холандија (во петок) во второто коло.
Неговиот настап на последниот натпревар од групната фаза против Полска е под голем знак прашалник, и ќе зависи од тоа што ќе кажат докторите, но и од тоа каков резултат ќе им треба на „триколорите“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.