Мбапе му покажа на Диаз како се изведува „паненка“, Реал слави на гости кај Виљареал (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога и со триумф на гостувањето кај Виљареал од 0-2 го презеде врвот на табелата во шпанската Примера по 21. одиграно коло. „Кралевите“ со оваа победа собраа два бода повеќе од Барселона.

Натпреварот на „Ла Серамика“ започна претпазливо, со поактивна игра на Реал, но без поголеми возбудувања пред двата гола.

Одлучувачките моменти се случија на стартот од второто полувреме. По продор на Винициус, Килиан Мбапе се најде на вистинското место и од непосредна близина ја затресе мрежата за водство од 0-1. Домашниот тим имаше шанса брзо да се врати во игра, но обидот на Морено заврши над голот.

Победата на Реал беше потврдена во самиот финиш, кога Мбапе изнуди пенал. Францускиот напаѓач беше сигурен од белата точка и со „паненка“ ја запечати победата од 0-2, со што Реал Мадрид си замина од тешкото гостување со максимален учинок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×